Линкови за пристапност

Протестите во Хонг Конг продолжија и на Божиќните празници


Демонстрантите велат дека нема да се откажат, освен ако владата не ги исполни нивните политички барања

Надежите за мирен Божиќ во Хонг Конг пропаднааоткако полицијата употреби солзавец за разбивање на демонстрантите, кои запалија различни локации низ градот во кој граѓанските немири траат повеќе од шест месеци.

Голем број луѓе се собраа во неколку трговски центри и во туристичката област како одговор на повиците преку Интернет да го искажат своето незадоволство од владата и да бараат поголема демократија.

Антивладиното движење во Хонг Конг, предизвикано од контроверзниот закон за екстрадиција, влезе во седмиот месец и не покажува знаци на смирување. Демонстрантите велат дека нема да се откажат, освен ако владата не ги исполни нивните политички барања, кои вклучуваат универзално право на глас и независна истрага за полициската бруталност.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG