Линкови за пристапност

Караван од мигранти се приближува кон САД


Откако ноќта ја поминаа на железничката станица на Гватемала, илјадници имигранти од Хондурас пешки го продолжија нивното патување кон САД, бегајќи од насилство и сиромаштија

Во потрага по подобра иднина, повеќе од 3.000 мигранти од Хондурас го продолжија караванот низ Централна Америка кон САД.

Мигрантите велат дека се очајни за помош и работа. Тие се надеваат на поддршка од властите на Мексико и Гватемала.

Владата на Хондурас, во обид да го намали бројот на мигранти, им понуди помош на луѓето кои сакаат да се вратат во својата држава.

Министерот за надворешни работи на Хондурас за Гласот на Америка изјави дека караванот, нудејќи лажна надеж, бил организиран од страна на политички организации.

Алфредо Ален, адвокат за имиграциски прашања за Гласот на Америка изјави дека она што се нарекува имигрантски караван е слика за населението без можности. Тој вели дека нема гаранција за останување во САД.

„Сиромаштијата, недостатокот на работни места или бандите не се причина да се бара политички азил кога луѓето ќе пристигнат на границата. 98 отсто од државјаните на Хондурас кои бараат политички азил, нема да го добијат. Тоа значи дека огромно мнозинство од луѓето кои се во караванот ќе бидат задржани“, вели тој.

98 отсто од државјаните на Хондурас кои бараат политички азил, нема да го добијат
Алфредо Ален, адвокат за имиграциски прашања

Некои мигранти носат транспаренти: „Ако на Американците им е дозволено во Хондурас, тогаш и жителите на Хондурас треба да имаат право да одат во САД.

Караванот патува со денови, откако Вашингтон беше домаќин на претседателот на Хондурас и други лидери од регионот, при што се дискутираше за имиграцијата. Хондурас има 57.000 жители во САД кои ќе загубат можност легално да останат и да работат во САД кога привремениот заштитен статус ќе истече во јануари 2020 година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG