Линкови за пристапност

Разгледници ги извлекле од бездомништво


Разгледници ги извлекле од бездомништво
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:12 0:00

Приказна за Пети Смит и Антони Крафорд од Вашингтон

Пети Смит - препознатливо лице на улиците во Вашингтон. Најчесто облечена во црни панталони и црвено елече, оваа поранешна бездомничка, 12 години го продава уличниот весник Street Sense.

Со него ги продава и песните, кои сама ги пишува, а кои го отсликуваат нејзиниот живот.

„Имам напишано многу есеи за моите лични чувства. Заедно со другите членови од групата за пишување во весникот, работиме на теми кои се актуелни. На пример, пишуваме за Денот на мајките, за Мартин Лутер Кинг, за Денот на претседателите и на вљубените, како и за Божиќ“, вели Пети.

А ова е приказната што планира да ја објави наскоро.

„Мојата мајка почина во 2009. Во тој момент не можев да напишам песна за неа, но за Денот на мајките ќе го направам тоа. Мислам дека јавноста би сакала да слушне за моите чувства кон мајка ми“, открива таа.

Пети пее во секој слободен момент. Кога е во подземна железница, во дворот на весникот, како и на пат кон дома.

Посакува животот да и бил полесен, а еве што помислува, секоја вечер пред заспивање.

„Ќе се чувствувам полесно ако добијам пензија. Ќе имам пари, бидејќи ми треба нова облека, дури и еден убав црвен кармин за да се чувствувам подобро“, рече Пети.

И нејзиниот пријател од улица Антони Крафорд ја дели истата судбина. И тој веќе не е бездомник, продавајќи разгледници. На секоја од нив стои и неговата лична приказна.

„Јас успеав. Веќе не сум бездомник. Преку разгледниците што ги правам сакам да пренесам порака дека сум благодарен. Уште повеќе ме прави среќен што луѓето ќе слушнат за мене. На тој начин не сум сам“, вели Крафорд.

И двајцата се подготвуваат за претстојните празници со интересни идеи за да го насмеат читателите.

„Нешто да ги насмее. Секој ден е ден за смеење, барем за мене. Дури се смеам и на сопствените пораки кога ги читам“, рече тој.

XS
SM
MD
LG