Линкови за пристапност

Бездомници пишуваат за себе за да преживеат


Бездомници пишуваат за себе, за да преживеат
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:57 0:00

Нивното вработување е главна мисија на весникот „Street Sense“, а најинтересните приказни во него се животните искуства на бездомните лица

Улиците во Вашингтон се дом на повеќе од 8.300 лица. Ги има на тротоарите, паркинзите, во подземната железница, на фрекфентни ќошиња...

Распослани на картонски кутии и најлони, ги поздравуваат минувачите, а понекогаш и ја споделуваат со нив нивната приказна.

Најдобар пријател им е уличното списание „Street Sense“. Вработените се со нив на дожд, сонце и на ветер, а честопати одат и од една на друга улица, за да можат да ги пребројат.

Ерик Фалгеро, главен уредник на списанието, вели дека бројот на бездомници минатата година се зголемил за 14 проценти.

„Во текот на летниот период има многу повеќе луѓе што живеат на улица, бидејќи кога засолништата ќе се преполнат, тие одлучуваат да останат надвор. Обично седат сами, но, многу често се собираат и во мали групи. На тој начин си ги чуваат работите“, вели Фалгеро.

Врската на бездомниците со весникот станала уште поцврста, откако многу од нив одлучиле да го продаваат за да преживеат.

Фалгеро вели дека најинтересните приказни во него се токму нивните животни искуства.

„Една бездомничка напиша во весникот писмо до Дедо Мраз, во кое побара да и` помогне да најде работа. И навистина доби работа, благодарение на тој есеј. Организацијата стапи во контакт со нас, ги поврзавме и таа почна да работи“, открива тој.

А вработување на бездомните лица е и главна мисија на весникот.

„Работиме да им понудиме на овие луѓе можности, со цел да ги охрабриме за нивните следни чекори во кариерата. Од друга страна ја информираме заедницата, со цел да ја кренеме свеста за бездомништвото“, вели Фалгеро.

Половина од весникот го пишуваат млади студенти новинари, а другиот дел го пишуваат самите бездомници, вели директорот на весникот Брајан Каром.

„Ние ги покриваме сите трошоци за печатење на весникот. Тие го купуваат весникот од нас за 50 центи по примерок, и потоа го препродваат за најмалку два долари. 100 проценти од продажбата ја задржуваат за себе“, рече Каром.

Весникот допира до публика од 12.000 луѓе секоја втора среда во месецот, а можноста луѓето да ги чујат гласот, биографијата и желбите на бездомните лица, е надеж за нив да ја продолжат животната борба на улиците.

XS
SM
MD
LG