Линкови за пристапност

Струга отвори пункт за бездомниците, Охрид сѐ уште нема


Пункт за бездомници во Струга
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:05 0:00

Во Струга од неодамна почна да функционира регионален пункт за бездомници на Црвениот крст, каде овие луѓе ќе можат да преноќат и да добијат облека и храна

Во напуштен сервис за автомобили на периферијата на Охрид, веќе 10 години живее охриѓанецот Абип Веселоски. Студените денови ги минува на свеќа, бидејки во импровизираното живеалиште нема струја, ниту пак други основни услови за живот. Еднаш во денот топол оброк добива во Народната кујна во Охрид до каде мора да оди пеш и по неколку километри. Вели дека живее живот на бездомник, не работи и нема никакви приходи.

„Јас знам самиот како преживувам без струја и без вода и без никакви услови. Морам да излезам секој ден без разлика дали можам или не можам. Некогаш се случува овде да има голема поплава, па не можам ни да влезам. Затоа побарав и чизми од Инекс Горица, затоа што одев некогаш да помогнам таму“, вели Веселоски.

Судбината на овој човек ја делат уште неколку други охриѓани. Најчесто престојуваат во напуштени стари објекти, а многу често можат да се забележат низ улиците или јавните објекти низ градот.

Но, во соседна Струга од неодамна почна да функционира регионален пункт за бездомници на Црвениот крст, каде овие луѓе ќе можат да преноќат и да добијат облека и храна.

„Имаме кревети. Комлетно се опремени со ќебиња, грејни тела. Може луѓето да дојдат и да престојуваат кога се ниски температурите, во вонредни услови надворешни. Со Центарот за социјални грижи секој ден се слушаме дали има или не потреба. Тие ги лоцираат, ги пуштаат кај нас, а ние ги сместуваме тука“, вели Наташа Хиохи, управителка на центарот „Солферино“ на Црвениот Крст во Струга.

Идејата е пунктовите за бездомници, кои освен во Струга, се отворени во Струмица и Битола, да функционира во текот на целата година.

Но, се` поголем број на граѓани имаат потреба од некаков вид на помош.

„Се работи за хигиенски средства, храна, хуманитарни пакети. Во зима имаме и ќебиња. Сите граѓани имаат можност да ставаат облека нова или стара за која сметат дека е употреблива. Ја донираат во нашите контејнери, а ние потоа продолжуваме со хуманитарното делење“, рече претседателката на Црвениот крст од Струга, Адуриме Даути.

Сепак, приказната за 51-годишниот Абип од Охрид треба да ја поткрене свеста за оваа категорија на граѓани. Тој е еден од многуте Македонци кои 2018-та ја почнуваат во лоши и нехумани услови за живот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG