Линкови за пристапност

Нилсен даде оставка, Меклинен доаѓа на нејзино место


Сегашниот директор на Агенцијата за погранична безбедност ќе биде вршител на должност секретар на Одделот за домашна безбедност

Секретарката на Одделот за домашна безбедност Кирстен Нилсен даде оставка по 16 месеци на оваа функција, а под притисок од Белата куќа и јавноста за ситуацијата на јужната граница на САД.

Претседателот Доналд Трамп го најави заминувањето на Нилсен преку Твитер, по вчерашниот состанок со неа во Белата куќа.

Тој најави дека дека сегашниот директор на Агенцијата за погранична безбедност Кевин Меклинен ќе биде вршител на должност секретар на Одделот за домашна безбедност.

Извори од Белата куќа велат дека Трамп многу често реагирал оти наводно Нилсен не била доволно цврста да се справи со бранот мигранти кои се обидуваат да влезат преку границата.

Нилсен требала да ги слуша, како што велат изворите, невозможните барања на претседателот.

Покрај притисок од Белата куќа, Нилсен се соочи и со реакции од јавноста за мерката на одвојување деца од нивните родители на границата со Мексико.

Таа беше одговорна за спроведување на оваа мерка на администрацијата, иако повеќе пати ја негираше таквата политика.

Нилсен, преку Твитер, најави дека последен ден на работа ќе и` биде среда.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG