Линкови за пристапност

САД ги проверуваат профилите на потенцијалните имигранти


Од денеска, Одделот за домашна безбедност започна да собира информации од социјалните мрежи за лица кои сакаат да влезат во САД

Одделот за домашна безбедност започна со собирање на имиња на профили на социјални медиуми, псевдоними, информации и резултати од пребарувања, од сите имигранти кои денеска сакале да влезат во САД.

Додека мерката беше најавена во септември, Одделот не се произјасни како ќе ги собере информациите и кој ќе биде подложен на проверки.

Со праксата се прошируваат претходните напори, актуелни за време на мандатот на поранешниот претседател Барак Обама.

„Амандманот не претставува нова политика“, изјави портпаролката Џоан Талбот. „Одделот за домашна безбедност во капацитет на агенција за спроведување на законот, вклучувајќи го и имиграциониот, вршела и продолжува да врши мониторинг на социјалните медиуми со јавен домен, со цел, заштита на нашата територија“.

Новината е амандман на Актот за приватност од 1974-та година. Вклучува мониторинг на лицата со зелени карти и луѓе кои добиле државјанство, лекари кои обезбедуваат третмани за имигранти, претставници на агенции за спроведување на законот кои имаат доказ за соработка со имигрант(и) во одредена истрага и адвокати и други, коишто помагаат на имигранти.

Симус Хаџис, заменик-директор на Програмата за екстремизам при Универзитетот Џорџ Вашингтон, поставува прашање за практичниот аспект од проверка на толку многу профили на социјалните мрежи.

"Од практична гледна точка, не гледам како Одделот за домашна безбедност има ресурси да го имплементира ова", истакна Хаџис преку Твитер.

И покрај предизвиците кога станува збор за логистиката, некои законодавци, со години наназад вршат притисок врз владата да стори повеќе во мониторингот на информациите достапни јавно, а кои се однесуваат на лица кои сакаат да влезат во САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG