Линкови за пристапност

Одделот за домашна безбедност на САД ќе одговори соодветно против сајбер нападот


Гасоводот во петокот беше принуден да ја затвори целата мрежа по должината на источниот брег на САД за време на нападот за кој компанијата соопшти дека е предизвикан од хакери

Одделот за домашна безбедност на САД ја предводи владината реакција за сајбер нападот со кој беше затворен најголемиот гасовод во САД и има можност да се спротивстави на заканата, според секретарот Алехандро Мајоркас.

„Ние работиме во насока на претседателот и со сите расположливи владини ресурси да се справиме со заканата за сајбер безбедност што ја претрпе Колонијал и да ги заштитиме сите други бизниси и институции низ целата наша земја кои се ранливи“, им рече Мајоркас денес на законодавците за време на конгресното сослушување.

Гасоводот во петокот беше принуден да ја затвори целата мрежа по должината на источниот брег на САД за време на нападот за кој компанијата соопшти дека е предизвикан од хакери. Компанијата за сајбер безбедност Фајар Ај поврза најмалку пет хакери кои зборувале руски јазик. Гасоводната мрежа е одговорна за скоро половина од снабдувањето со гориво на источниот брег на САД.

Сведочејќи пред Комитетот за одобрувања на Сенатот, Мајоркас рече дека администрацијата на Бајден размислува да се повика на актот Jонс од законот и другите власти за да се осигура дека бензинот пренесен од бродовите пристигнал во регионите погодени од исклучувањето на гасоводот. Законот бара стоката што се испраќа меѓу пристаништата во САД да ја носат американски бродови.

Службениците за спроведување на законот во САД неодамна упатија аларм за зголемената закана од сајбер напад.

Рансомвајар е вид на злонамерен софтвер што криминалните хакери го користат за криптирање на податоци на компјутерски систем, држејќи го компјутерот во заложништво се додека не се плати откуп. Ваквите напади резултираа со загуби од над 350 милиони долари оваа година, што е зголемување за повеќе од 300 проценти во однос на изминатата година “, рече Мајоркас.

Претседателот Џо Бајден ја направи борбата против домашниот тероризам врвен приоритет на неговата администрација, а во јануари ја упати канцеларијата на директорот на националното разузнавање да изврши преглед на заканата од домашен тероризам.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG