Линкови за пристапност

75 години од ослободување на Аушвиц - ова зло никогаш да не се повтори


Денес е Меѓународен ден на сеќавање на Холокаустот
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:14 0:00

Ова се дел од пораките на комеморативната академиј, на која се одбележа Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот

Да се сочува вистината, жртвите никогаш да не бидат заборавени, а трагедијата пак да не се повтори, беа пораките на комеморативната академија на која се одбележа Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот.

Оваа година се одбележуваат 75 години од ослободувањето на Аушвиц и 20 години од усвојувањето на Декларацијата од Стокхолмскиот форум, со која државите потписнички се обврзаа да го негуваат споменот на жртвите на Холокаустот.

„Одбележувањето на овие годишнини се прилика да се потсетиме на сите жртви на Холокаустот, меѓу нив и на 7.144 Евреи од Скопје, Битола и од Штип, кои во март и април 1943 година, беа депортирани и убиени во логорот на смртта Треблинка. Трагедија што е длабоко вкоренета во колективната меморија на нашиот народ, на сите оние кои ризикувајќи ги своите животи ги спасуваа и заштитуваа прогонетите Евреи“, изјави Оливер Спасовски, технички премиер на Северна Македонија.

Кристин Бенгтсон, амабсадорка на Шведска во Скопје, изјави дека закани и омраза против Евреите и денес се` уште се присутни, а ситуацијата се влошува особено преку социјалните мрежи.

„Можеме и мораме да сториме против антисемитизмот и негирањето на Холокаустот, и да промовираме демократски вредности и почитување“, рече таа.

За овие појави да се спречат во земјава, според надлежните, клучно е да се едуцираат младите како основа за незаборавање на стореното зло и оневозможување на идни такви настани.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG