Линкови за пристапност

Холивуд во минута


Холивуд во минута
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:10 0:00

Холивуд во минута

Научнофантастичниот „Елисејски полиња“ со Мат Дејмон и Џоди Фостер викендов продаде највеќе влезници во американските кино-сали. Заработи проценети 30-милиони долари. Комедијата „Ние сме Милер“ со Џенифер Анистон дебитираше со речиси 27 милиони, а анимираниот „Авиони“ на Дизни е на третото место со 22.

* * *

Џон Гудман и Били Кристал, кои ги позајмија гласовите во анимираниот „Универзитет за чудовишта“ - еден од најголемите хитови годинава - се меѓу осумте нови актери додадени на листата „Легендите на Дизни“. Точно 249 се најдоа на неа откако беше создадена, во 1987-ма.

* * *

А Џорџ Клуни, кога не снима или режира, ги троши парите - на шпионски сателит! Потврди дека со поголемиот дел од заработувачката од рекламите за Неспресо купил опрема за следење на ситуацијата во Судан. Клуни со години е активист кој го врти вниманието на хуманитарната криза во оваа земја.
XS
SM
MD
LG