Линкови за пристапност

„Откачен“ Холивуд


Вандализирано познатото обележје во Лос Анџелес

Светски познатиот знак на Холивуд (HOLLYWOOD) во Лос Анџелес го предизвика вниманието на јавноста по поправките кои се случија за Новата година.

Од полицијата велат дека шегаџија ја прескокнал заштитната ограда околу знакот и ги преправил двете ОО во ЕЕ, и знакот се чита како „HOLLYWeeD."

Планинари и посетители во неделата попладне се фотографираа се пред променетиот симбол, кој се наоѓа над Грифит паркот во градот.

Шегата можеби е насочена кон гласачите во Калифорнија, кои во Ноември го одобрија Предлогот 64, за легализација на рекреативната марихуана, почнувајќи во 2018-та.

XS
SM
MD
LG