Линкови за пристапност

Оланд: „Ќе ја уништиме армијата на фанатици“


Национална комеморација за жртвите од нападот на Париз

Францускиот претседател Франсоа Оланд за време на националната комеморација за жртвите од нападот вети разбивање на „војската на фанатици“ кои порано месецов извршија терористички напад на Париз.

Комеморацијата во Париз започна со гласно читање на имињата и возраста на 130-те жртви на терористичкиот напад извршен од група на Исламската држава.

Во четвртокот во Москва, Оланд соопшти дека тој и рускиот претседател Владимир Путин се согласиле да разменуваат разузнавачки информации за борци на Исламската држава и други екстремистички групи во Сирија.

Русија спроведува воени напади во Сирија за заштита на владата на нивниот сојузник, претседателот Башар ал-Асад. Одвоено, коалицијата предводена од САД цели на милитанти на Исламската држава.

Москва изјави дека е отворена за поголема воена соработка, но многу лидери од западниот свет го одбиваат овој предлог велејќи дека не се сигурни оти сакаат соработка со поддржувачи на владата на Асад.

Ситуацијата се искомплицира повеќе оваа недела, откако Турција која е членка на НАТО, собори руски борбен авион блиску границата на Сирија и Турција. Путин вели дека САД знаеле за правецот на движење на рускиот авион кој беше соборен минатиот четврток и требало да го известат својот сојузник Турција за тоа. Турција вели дека испратила повеќе предупредувања оти авионот се наоѓал на нивна територија пред да биде соборен.

XS
SM
MD
LG