Поранешниот американски генерал Џон Шиан тврди дека холандските војници не го запреле масакрот на околу 8.000 Муслимани во Сребреница во 1995-та година, делумно и поради фактот дека во нивната единица имало хомосексуалци.
Џон Шин, кој беше еден од главните команданти на НАТО во 1990-тите, на сведочење пред американска сенатска комисија кажа дека поранешниот началник на данската армија му рекол дека војниците-хомосексуалци делумно се одговорни што не го запреле масакрот што го извршија босанските Срби.
Шин кажа дека дека холандските војници кои служеа како мировници во ОН со е задача да се грижат за безбедноста на Сребреница, биле „малубројни“ и „слабо командувани“.
Холандскиот амбасадор во САД Рене Џонс-Бос ја отфрли изјавата на Шин и рече дека е горд на отворената политика кон хомосексуалците во армијата на неговата земја.
Портпаролот на Министерството за одбрана на Холандија Роџер ван де Ветеринг за Гласот на Америка изјави дека оценките на генералот се „тотален апсурд“.