Линкови за пристапност

Холивудските сценаристи извојуваа победа над вештачката интелигенција


Од студијата ќе се бара да им кажат на писателите дали некој материјал што им е даден е генериран од вештачката интелигенција
Од студијата ќе се бара да им кажат на писателите дали некој материјал што им е даден е генериран од вештачката интелигенција

Холивудските актери кои штрајкуваат сакаат да ја ограничат употребата на вештачка интелигенција во снимањето филмови, надевајќи се на ист успех како холивудските писатели, кои минатата недела го прекинаа својот петмесечен штрајк по постигнатиот договор со големите студија. Известува  Џенија Дулот.

Договорот со кој се става крај на штрајкот на писателите вклучува заштита од студија кои користат вештачка интелигенција за „пишување или препишување литературен материјал“. Членот на Унијата Ангела Јоргенсен вели дека тоа е „исклучително“.

„Со ограничувањата на количината на вештачката интелигенција, работа што ние писателите ја работиме, ќе се заштитат нашите работни места“, вели Ангела Јоргенсен, авторка.

Од студијата ќе се бара да им кажат на писателите дали некој материјал што им е даден е генериран од вештачката интелигенција, а писателите ќе имаат слобода да користат програми како што е „Чет Џи Пи Ти“ ако сакаат. Писателот Ал Септиен вели дека тоа е победа.

„Можеме да користиме вештачка интелигенција ако сакаме, но не сме принудени. Користењето на вештачка интелигенција не може да ја намали компензацијата или заслугата на писател-човек, така што тоа е огромна работа“, вели Септиен.

Некои писатели сè уште ги поддржуваат актерите кои штрајковаат, чии грижи ја вклучуваат и употребата на вештачка интелигенција. Актерот Рон Сонг вели дека борбата за согласност околу употребата на „дигиталните“ реплики на актерите започнува со создавањето.

Новиот тригодишен договор за писатели вклучува и зголемување на платите и бонуси за стриминг содржина. Писателката Јасмин Пек беше охрабрена од одредбите што ги прошируваат можностите за недоволно застапените писатели.

„Тоа се Афроамериканци, писатели од лгбткју заедницата или било кој писател што не е дел од веќе рефлектираното мнозинство... писатели со посебни потреби и секој што доаѓа од популација која историски не била во првите редови на пишувањето приказни во оваа индустрија“, вели Пек.

Алијансата на филмски и телевизиски продуценти досега не излегла со реакција околу деталите од договорот со писателите.

XS
SM
MD
LG