Линкови за пристапност

САД официјално признаваат убиства со беспилотни летала


Американскиот Оддел за правда формално призна дека САД убиле четворица американски државјани во напади со беспилотни летала во Јемен и Пакистан од 2009 наваму.

Официјалното признание доаѓа во писмо од главниот обвинител на САД, Ерик Холдер до конгресните лидери, во предвечерјето на голем говор на претседателот Барак Обама за националната безбедност.

Во писмо, адресирано до претседателот на сенатската Комисија за правосудство, Патрик Лехи, Холдер кажа дека убиствата се случиле во американските контратерористички операции против милитанти на ал-Каида и поврзани со нив.

Документот на пет страници потврдува дека американските сили во 2011 намерно го убиле Анвар ал-Авлаки, радикален свештеник роден во САД во 1971 додека неговиот јеменски татко работел на постдипломски студии на американски универзитети.

Таму се вели дека меѓу другите Американци убиени во таа временска рамка, иако не биле директна цел на американските сили, се Самир Кан, убиен во истиот напад кога бил убиен свештеникот, и синот на ал-Авлаки, кој бил убиен неколку дена подоцна. Четвртата жртва е идентификувана како Џад Кенан Мохамед, убиен во напад во Пакистан.
XS
SM
MD
LG