Американските власти покренаа обвиненија против 91 лице за наводна вмешаност во противзаконски активности поврзани со здравствената грижа на постари лица, што е федерална осигурителна програма.
На прес-конференција во четврток, државниот обвинител на САД Ерик Холдер кажа дека лекари, медицински сестри и други здравствени работници се меѓу обвинетите за учество во заговор што инволвира близу 430 милиони долари во лажни сметки за наплата од граѓани.
Тој кажа дека меѓу кривичните дела се третмани и услуги што биле медицински непотребни, или во некои случаи воопшто неизведени.
Холдер рече дека акцијата е изведена во тек на 24 часа во седум градови, за која тој рече дека е една од најголемите операции од овој вид воопшто изведени во САД.