Линкови за пристапност

Холдер: Одделот за правда „стои заедно со Фергусон“


Главниот правобранител Холдер на средба со студенти од Јавниот колеџ Сент Луис Флорисант Вали, на 20-ти август во Фергусон
Главниот правобранител Холдер на средба со студенти од Јавниот колеџ Сент Луис Флорисант Вали, на 20-ти август во Фергусон

Главниот американски правобранител вели дека случајот ја донел на површина напнатоста што постои на други места освен градот во Мисури

Американскиот главен правобранител истакна дека владиниот Оддел за правда стои заедно со луѓето од Фергусон, еден ден откако го посети градот во Мисури каде секојдневно имаше протести по убиството на невооружен тинејџер - Афроамериканец од страна на полицаец - белец на 9-ти август.

Холдер денес во Вашингтон соопшти дека неговата куса посета, за време на којашто разговараше со локалното население и полициски претставници, влијаела како ретко кој друг настан додека е на чело на Одделот за правда.

„Иако појдов во Фергусон да ги уверам, тие всушност ми дадоа надеж. Моето ветување до нив е дека долго време откако овој трагичен настан повеќе нема да привлекува вака големо влијание, Одделот за правда ќе продолжи да стои со Фергусон“.

Главниот правобранител рече и дека е јасно дека случајот „ја донел на површината покриената напнатост“ во градот каде Дарел Вилсон, додека беше на должност, смртно го застрела 18-годишниот Мајкл Браун.

„Напнатоста има своја историја и таа врие и во други заедници освен Фергусон“, рече Холдер.

Холдер, којшто е Афроамериканец, ги спомена својот син и својот брат, којшто е полицаец, во обид да воспостави контакт со семејството на Браун и полицајците од Фергусон. Одделот за правда и локалната полиција вршат паралелни истраги за смртта на Браун.

XS
SM
MD
LG