Американскиот генерален правобранител Ерик Холдер вели дека убивањето на Осама бин Ладен бил законски и акт на национална самоодбрана.
Холдер во среда кажа дека САД на крајот сепак ќе бидат побезбедни заради смртта на бин Ладен. Сепак, тој предупреди на можни одмазднички напади и рече дека борбата против терористички закани е далеку од завршена.
Холдер рече дека наредил агенциите за чување на редот и мирот да бидат на готовност и рече дека сеуште има сериозна загриженост на што САД треба да одговорат.
На распит пред сенатската Законодавно-правна комисија Холдер рече дека смртта на бин Ладен е „огромен чекор напред“ во донесување на правдата за илјадници убиени на 11 септември 2001.
Тој го повика Конгресот да ги реавторизира за „значителен временски период“ провизиите во Патриотскиот акт чие важење истекува на крајот на месецот.
Тие провизии се однесуваат на електронско прислушување на осомничени за трористички врски, таканаречени „волци-самотници“. Според Холдер тие провизии се потребни повеќе од секогаш.