Линкови за пристапност

Холдер: Осмислувачот на 9/11 ќе биде изведен пред суд во Гвантанамо


Холдер: Осмислувачот на 9/11 ќе биде изведен пред суд во Гвантанамо
Холдер: Осмислувачот на 9/11 ќе биде изведен пред суд во Гвантанамо

Главниот обвинител на САД Ерик Холдер вели дека наводниот осмислувач на терористичкиите напади на САД од 11 септември, 2001, Калид Шеик Мохамед, ќе биде суден од воена комисија во американскиот притворен центар во Гвантанамо, Куба, наместо во американски федерален суд.

Холдер на новинарите во понеделник им кажа дека се` уште верува оти федералните судови би биле најдобро место за судење на Мохамед и неговите наводни четворица ко-заговарачи – но дека Конгресот вовел рестрикции што блокирале ниеден притвореник од Гвантанамо да биде префрлен во САД.

Тој кажа дека врз основа на рестрикциите, тој бил принуден да препорача осомничените да бидат судени пред воена комисија. Но, тој изрази доверба во тој систем и рече дека очекува брзо остварување на правдата.

Тој рече дека и натаму администрацијата има намера да го затвори затворот во Гвантанамо.

Во март, претседателот Барак Обама одобри продолжување на воените судски постапки за притворениците во Гвантанамо по двегодишно замрзнување.

Судските постапки беа суспендирани кусо време откако Обама ја презеде функцијата во јануари 2009, кога нареди ревизија на притворната политика. Претседателот Обама го проби рокот што самиот го постави за затворање на Гвантанамо во рок од една година откако ќе дојде на функција, но тој постојано повторува дека и натаму сака да го затвори објектот.

Исто така во понеделник, американскиот Врховен суд ги отфрли сите жалби од двајца Јеменци и еден притвореник од Кувајт кои протестираат заради временски неопределеното држење во притворниот центар Гвантанамо. Судот не одлучи по одвоена жалба од група кинески муслимани, или Ујгурци, кои требало да бидат пуштени, но таа одлука е променета откако ја одбиле понудата да бидат преселени во мала пацифичка држава Палау.

XS
SM
MD
LG