Линкови за пристапност

Почина Ричард Холбрук, архитектот на Дејтонскиот договор


Почина Ричард Холбрук, архитектот на Дејтонскиот договор
Почина Ричард Холбрук, архитектот на Дејтонскиот договор

Доцна во понеделникот претседателот Барак Обама изјави дека е „длабоко погоден“ од смртта на Холбрук кого го нарече „вистински гигант во американската надворешна политика“ кој ја направи својата земја „побезбедна и попочитувана“.

Ричард Холбрук, ветеран дипломат кој служеше како специјален пратеник за Авганистан почина во понеделникот на возраст од 69 години.

Холбрук паднал во петокот за време на средба во Стејт Департмент со Државната секретарка Хилари Клинтон. Тој бил веднаш пренесен во болница во Вашингтон каде бил подложен на 20-часовна операција за поправање на отвор на аортата, голем крвен сад што ја движи крвта од срцето во останатиот дел на телото.

По ова уследи уште една операција во неделата.

Доцна во понеделникот претседателот Барак Обама објави изјава во која рече дека е „длабоко погоден“ од смртта на Холбрук. Дипломатот ветеран тој го нарече „вистински гигант во американската надворешна политика“ кој ја направи својата земја „побезбедна и попочитувана“.

Секретарката Клинтон Холбрук го нарече еден од „најжестоките шампиони и најпосветените јавни службеници“.

Порано во денот, Клинтон кажа дека имало големи изливи на поддршка од цел свет за дипломатот за кого таа рече дека дал речиси 50 години од својот живот за да служи на Соединетите Американски Држави.

Меѓу оние кои се јавија беше претседателот на Авганистан, Хамид Карзаи, и претседателот на Пакистан Асиф Али Зардари.

Едно од најголемите постигнувања на Холбрук беше неговата улога во преговорите за Дејтонскиот мировен договор што донесе мир во Босна и Херцеговина.

XS
SM
MD
LG