Линкови за пристапност

Холбрук во критична состојба


Холбрук во критична состојба
Холбрук во критична состојба

Ричард Холбрук, американски пратеник за Авганистан и Пакистан мина повеќе од 20 часа на операција заради пробушена аорта

Американскиот дипломат Ричард Холбрук, хоспитализиран по итна операција на срцето и натаму е во критична состојба по втората процедура во неделата за подобрување на неговата циркулација.

Холбрук, американски пратеник за Авганистан и Пакистан, мина повеќе од 20 часа на операција заради пробушената аорта, најголемата артерија што ја движи крвта од срцето во останатиот дел на телото. Лекарите ја завршиле маратонската операција рано во саботата во Вашингтон.

Советникот на претседателот, Дејвид Акселрод, на американската телевизија во недела кажа дека тој и неговите колеги во Белата куќа се молат упорноста и издржливоста во карактерот на Холбрук да му помогнат да преживее.

Претседателот Барак Обама во саботата навечер кажа дека тој и првата дама се молат за Холбрук, кого претседателот го нарече „голема фигура во американската надворешна политика“.

Шеесет и деветгодишниот дипломат претходно служеше како американски амбасадор во ОН и беше главен архитект на Дејтонскиот мировен договор со што заврши војната во Босна и Херцеговина пред 15 години. Договорот беше потпишан на 14 декември 1995.

Холбрук беше хоспитализиран во петокот откако колабира за време на средба со американската државна секретарка Хилари Клинтон во Стејт департмент во Вашингтон.

XS
SM
MD
LG