Линкови за пристапност

Холандскиот суд нареди владата да го запре извозот на делови за Ф-35 во Израел


Во пресудата се наведува „јасен ризик“ дека деловите се користат во кршење на хуманитарното право – Израел негира дека извршил воени злосторства во Газа.
Во пресудата се наведува „јасен ризик“ дека деловите се користат во кршење на хуманитарното право – Израел негира дека извршил воени злосторства во Газа.

Апелациониот суд во Холандија и нареди на владата да го запре извозот на делови за борбени авиони Ф-35 во Израел, по тужбата поднесена од групите за човекови права која ја зголеми загриженоста за израелската офанзива во Појасот Газа.

„Неоспорно е дека постои јасен ризик дека извезените делови на Ф-35 се користат во сериозни прекршувања на меѓународното хуманитарно право“, рече судот.

Израел негираше дека извршил воени злосторства во Газа, каде што започна воена операција против милитантната група Хамас по нападот на Хамас во октомври, во кој според израелските податоци загинаа 1.200 луѓе во Израел. Во израелската реакција загинаа повеќе од 28.300 Палестинци, според Министерството за здравство на Хамас во Газа.

Холандскиот суд рече дека владата мора да се усогласи со пресудата во рок од седум дена.

Одлуката може да се обжали.

Холандија е домаќин на складиште на делови за Ф-35 во сопственост на САД кои се извезуваат во неколку земји.

Некои информации за овој извшетај дојдоа од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG