Вашингтон Капиталс се овогодишен шампион во хокеј во САД.
Го освоија престижниот Куп Стенли за прв пат по 44 години со синоќешната победа врз Голден најтс од Лас Вегас со 4:3, севкупно 4:1 во серијата „најдобар од седум“.
Илјадниците спортски обожаватели и жители славеа по улиците на Вашингтон доцна во ноќта.
Капитенот на Капиталс Aлекс Овечкин го понесе атрибутот најкорисен играч во финалето и ова му е прва шампионска титула по 13 години во тимот на „црвените“ во Вашингтон.
„Ова е како сон. По долга сезона, и толку натпревари низ годините, конечно го носиме пехарот во главниот град на САД“, изјави рускиот интернационалец и ѕвезда во тимот.
Првата шампионска титула за Капиталс се совпаѓа со истиот ден пред 40 години, кога франшизата во кошарка, тогашните Вашингтон булетс станаа шампиони во НБА.
Во тек се подготовки за масовна парада за шампионите во главниот град Вашингтон.
Facebook Forum