Линкови за пристапност

Ќе прекине терапијата за ХИВ?


Ќе прекине терапијата за ХИВ?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:05 0:00

Ќе прекине терапијата за ХИВ?

Експерти за Гласот на Америка велат дека ова може да се случи во 2017-та, ако државата го намали буџетот, а Глобалниот фонд ги повлече средствата

Од јуни следната година лицата со ХИВ вирус ќе останат без терапија, ако се усвојат измените во новиот буџет, кој место 65 милиони денари ќе изнесува 27 милиони денари.

Ана Филиповска, претставник на 22 земји во Бордот на Глобалниот фонд за ХИВ и Андреј Сених, извршен директор на Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ „Заедно посилни“ велат дека ризикот од губење на терапијата е уште поголем оти Глобалниот фонд се повлекува од донирање во Македонија.

„За жал, поради тоа што Македонија според Светска банка е класифицирана како земја со висок среден раст, а исто така имаме и ниска преваленца, ние не можеме повеќе да го искористиме финасирањето од Глобалниот фонд“, вели Филиповска за Гласот на Америка.

„Доколку не се алоцираат на оптимален начин средства за превенција, практично до 2030 година, ние би имале дополнителни 860 нови инфекции, нови случаи на луѓе кои ќе се инфцираат со ХИВ, како и дополнителни 290 смртни случаи како резултат на ХИВ инфекција“, вели Андреј Сених, директор на здружението „Заедно посилни“

Таа смета дека доколку Владата не го зголеми буџетот, ќе се зголеми и бројот на зарзаени, како што се случило во Србија и во Црна Гора.

„На светско ниво бележиме зголемување на нови ХИВ случаи за 40 проценти, додека на глобално ниво сите региони покажуваат намалување за 35 отсто на таа ХИВ преваленца. Ја повикуваме меѓународната заедница да финансира во земјите со среден раст, каде што има концентрирана епидемија на ХИВ и на туберкулоза“, вели Филиповска.

Таа најави дека ќе се формира и меѓународна лоби група, со цел да се обезбеди дополнителен фонд, особено за земјите кои што се наоѓаат во ваква ситуација.

Сених тврди дека тестовите за ХИВ, пристапот до антиретровирусна терапија, бесплатни кондоми, чисти игли и шприцеви за корисниците на дрога ќе прекинат во моментот кога ќе се повлече Глобалниот фонд.

Според него, по јуни 2017-та година се заканува крај на овие превентивни програми.

„Доколку не се алоцираат на оптимален начин средства за превенција, практично до 2030 година, ние би имале дополнителни 860 нови инфекции, нови случаи на луѓе кои ќе се инфцираат со ХИВ, како и дополнителни 290 смртни случаи како резултат на ХИВ инфекција“, вели тој.

Порача надлежните да прават корекција на буџетот врз база на факти, особено за програмите со кои може да се загрози јавното здравје.

Џон Хесал, регионален директор на Фондација за здравствена заштита од сида во Вашингтон предупредува:

„Кога ќе ги изгубите тие пари, Владата треба да одлучи дали ќе ги надомести тие средства, со тоа што ќе го зголеми буџетот, или нема ништо да преземе. Ако ништо не направи, ќе нема пристап до важни лекови, а болните нема да можат да ја добијат терапијата, за која плаќал Глобалниот фонд“, објаснува Хесал.

„2,86 долари на ден е лудост. Никој не може да живее со толку. Тоа не е среден доход, тоа е сиромаштија. Го повикуваме Глобалниот фонд да не ги користи овие дефинции за да дисквалификува земји како Македонија“, рече Џон Хесал, директор на Фондација за заштита од сида во Вашингтон

Според него, решение за проблемот може да биде редефинирањето на приходот по глава на жител, од сегашните 2,86 долари на 10 долари.

„Кога ќе паднете во замката на среден доход, цената на лековите расте, бидејќи компаниите за лекови ја гледаат економската ситуација на државите. Тие ја намалуваат цената ако се работи за сиромашни држави, но ако е земја со среден раст ја зголемуваат. Па не само што се губат парите, туку се зголемуваат и трошоците“, изјави тој.

Хесал најави протести пред Светска банка за помош на Македонија и на земјите од Источна Европа и од Централна Азија.

„2,86 долари на ден е лудост. Никој не може да живее со толку. Тоа не е среден доход, тоа е сиромаштија. Го повикуваме Глобалниот фонд да не ги користи овие дефинции за да дисквалификува земји како Македонија“, рече Хесал.

Денес 36 милиони луѓе во светот живеат со ХИВ, а околу 20 милиони од нив немаат пристап до услугите.

XS
SM
MD
LG