Линкови за пристапност

Војната на една жена против СИДА-та


Војната на една жена против СИДА-та
Војната на една жена против СИДА-та

Кога Кетрин Вајат-Морли доби позитивен резултат на тестот ХИВ, и` било речено дека и`преостануваат шест години живот. Речиси две децении подоцна, мајката на три деца е се` уште жива, се` уште се бори со СИДА-та и наоѓа сила да им помогне на други жени како неа. Ова е нејзината приказна:

Кетрин Вајат-Морли имала убав живот – среќен брак, три прекрасни деца, добра работа. Тогаш, во 1994, на лекарска посета по операција, лекарот и` рекол дека била инфицирана со ХИВ, вирус што предизвикува СИДА:

„Не можев да верувам во тоа што го слушнав. Мажена бев над десет години. Никогаш не сум имала секс надвор од бракот. Сосема му бев верна на сопругот. Никогаш не сум вбризгала дрога. Никогаш не сум добила трансфузија на крв или слично. Бев очајна. По сите тие години ми беше тешко да најдам збор што ќе одрази како се чувствував.”

Вајат-Морли сфатила дека го добила вирусот од сопругот. Тој подоцна бил дијагностициран со СИДА, бил хоспитализиран и умрел. Таа била оставена сама да се справува со новата реалност во нејзиниот живот.

„Изгубивме се`. Не` избркаа од дома. Ја загубив работата. Ме избркаа од мојата црква. Моето семејство ми го сврте грбот. Почнав да правам листа на приоритети: кој ќе се грижи за моите деца, како ќе платам за мојот сопствен погреб, сите тие работи.“

Тогаш почнала да пишува писма за децата.

„Мислев дека ќе умрам и ќе ги оставам децата без мајка, и сакав тие да знаат точно која сум.“

Од тие писма произлегла книгата: Мемоар на СИДА: Дневник на ХИВ-позитивна мајка.

„Книгата за мене беше многу инспиративна зашто минував низ многу тежок период“, вели Пирина Гвантаи, која половина свет подалеку, во Кенија, ја земала книгата.

„Ја читам книгата и го гледам мојот живот одразен во таа ситуација. Книгата навистина ме охрабри. И Кетрин ми помогна да пораснам, да станам поцврста, ме направи да верувам дека вредам“, вели таа.

Таква реакција ја инспирирало Вајат-Морли да стори дури и повеќе.

„Од целата моја мизерија, создадов организација што започна во 1994 во мојата спална“.

Организацијата со оригинално име Women on Maintaining Education and Nutrition, што е акроним за зборот жени - WOMEN – обезбедува тестирање за ХИВ, советување, сервис за поддршка и нутриционистички услуги за луѓе инфицирани или во ризик од добивање на ХИВ/СИДА.

„Имаме 13 вработени. Ние сме единствена организација во државата каде програмите се администрирани од Африкански-американски жени кои живеат со СИДА, така што многу јасно ја сфаќам ситуацијата на оние со кои и за кои работиме“.

Кетрин Вајат-Морли патува низ светот да зборува за своето искуство. Отишла во Африка да го види влијанието на СИДА-та од прва рака. Ги посетиле калуѓерите во Тајланд да научи за нивниот холистички приод кон грижата за болните. Таа станала гласот на безгласните. И секогаш давала инспирација за жените кои живеат со СИДА.

Жени како Пирина Гвантаи. Таа започнала сопствена организација во Најроби со помош на групата Вајат-Морли:

„Одам да зборувам со овие луѓе кои живеат со ХИВ, ги охрабрувам и им давам поддршка на семејствата и поединци инфицирани со вирусот.”

Фокусот на Гвантаи се жени од средната класа и деца.

„Стигмата меѓу средната класа се` уште е силна, што ги спречува луѓето да побараат помош. Сиромашните се поотворени, поприемчиви за тие услуги отколку средната класа. Посебен предизвик е справување со ситуации каде има сирачиња оставени зад родители починати од СИДА.“

Двете жени никогаш не се сретнале лично, но двете го фалат успехот на другата.

Вајат-Морли вели дека секој може да им се обрати за помош, без оглед каде живее. За инспирација или помош, веб страницата е www.educatingwomen.org.

XS
SM
MD
LG