Извештајот, под водство на Светската здравствена организација најде дека инфекциите со ХИВ опаднале за 15 проценти последната деценија. Исто така известува дека има 22 проценти намалување во смртни случаи поврзани со СИДА во последните пет години.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун кажа дека светот конечно е во позиција да ја прекине епидемијата, но ги предупреди меѓународните донатори дека се потребни околу 24 милијарди долари за целосно да се финансира глобалната иницијатива.
Извештајот објавен еден ден пред Светскиот ден на борба против СИДА во четврток, кажа дека финансиските намалувања од владите и хуманитарните групи довеле до намалување од речиси една милијарда долари во домашни и мегународни програми поврзани со ХИВ во 2010.
ОН проценуваат дека 34 милиони луѓе во светот живеат со ХИВ.