Линкови за пристапност

Голем интерес за книгата на Хитлер


Голем интерес за книгата на Хитлер
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:11 0:00

Голем интерес за книгата на Хитлер

Последното издание на „Мојата борба“ било продадено во 85.000 примероци

Без разлика што чини 58 евра (60 долари), според ББЦ „Мојата борба“ од Адолф Хитлер била најпродавана книга во април во Германија.

Во 2015-та истекоа 70 годишните издавачки права, со што се создаде можност за печатење на ново издание за прв пат по крајот на Втората светска војна. Во периодот од 1933 до 1945 биле продадени околу 12 милиони копии од книгата која беше публикувана во 1925-та година.

Продажбата на „Мојата борба“ коинцидира со растечката политичка реакција на мигрантската криза во Европа, вклучувајќи поддршка за германската партија Алтернатива за Германската партија и за австриската Партија на слободата, која со мала разлика изгуби на претседателските избори во декември.

Професорот по политички науки и експерт за национализам во Централно европскиот универзитет во Будимпешта Антон Пелинка,за Гласот на Америка кажа дека интересот за книгата е академски, и не рефлексија за поширока поддршка за нацистичката идеологија.

Тој рече дека продажбата на „Мојата борба“ може да е одраз на зголемениот отпор кон миграцијата и растот на национализмот кој се рашири во Европа, но не е причина за тоа.

XS
SM
MD
LG