Линкови за пристапност

Почина Кристофер Хиченс


Picture taken June 7, 2010. REUTERS/Shannon Stapleton (UNITED STATES - Tags: SOCIETY)
Picture taken June 7, 2010. REUTERS/Shannon Stapleton (UNITED STATES - Tags: SOCIETY)

Атеист, колумнист, репортер, литературен критичар – со што и да се зафатеше – привлекуваше внимание.

Провокативниот американски писател и интелектуалец од британско потекло Кристофер Хиченс почина на возраст од 62 години по долга битка со ракот.

Магазинот Венити феар, каде Хиченс пишуваше колумни, објави дека коментаторот со остро перо починал во четвртокот навечер од пневмонија - компликација од ракот на хранопроводникот со кој беше дијагностициран во 2010-та.

Хиченс стана особено познат во 2007-ма со контроверзниот бестселер „Господ не е велик: како религијата труе се` друго“, но тој мина поголем дел од кариерата како известувач од воените жаришта, литературен критичар и политички коментатор.

Не се вклопуваше во ниту еден политички калап. По долги години во лево-настроениот магазин Нација, стана огнен поддржувач на поранешниот претседател Џорџ Буш и американската инвазија врз Ирак.

Беше од христијанско семејство, но подоцна во животот откри дека мајка му намерно го криела неговото еврејско потекло. Непоколебливо беше против организираната религија и уживаше да дебатира на таа тема, со што стана еден од најпочитуваните верски скептици.

Страствен пушач и голем љубител на шкотското виски, Хиченс мораше да ја откаже националната турнеја за промоција на неговата најнова книга откако беше дијагностициран дека боледува од рак во јуни 2010-та.

XS
SM
MD
LG