Линкови за пристапност

Историја на Тајната служба

1865 – Тајната служба креирана на 5-ти јули во Вашингтон, за прекин на фалсификувањето пари.

1867 – Проширени надлежностите на Тајната служба да вклучат „откривање лица кои прават проневера спрема владата“.

1883 – Тајната служба официјално призната за посебна организација во рамки на Одделот за финансии.

1894 – Тајната служба започна неформално давање заштита на претседателот Гровер Кливленд.

1902 – Тајната служба презеде целосна должност за заштита на претседателот, по атентатот на претседателот Вилијам МекКинли претходната година.

1908 -- Тајната служба започна да го штити новоизбраниот претседател. Исто така, претседателот Теодор Рузвелт ги префрли агентите на Тајната служба во Одделот за правда. Тие формираа јадро на она што сега е Федерално биро за истрага или ФБИ.

1913 -- Конгресот авторизираше постојана заштита на претседателот и востанови статутарна авторизација за заштита на новоизбран претседател.

1917 -- Конгресот авторизираше постојана заштита на најблиското семејство на претседателот и ги направи „заканите“ насочени кон претседателот федерално кривично дело.

1951 -- Конгресот воведе легислатива која трајно авторизира заштита на претседателот, неговото потесно семејство, претседателот штотуку избран, и потпретседателот, доколку сака, да е работа на Тајната служба.

1962 -- Конгресот го прошири покривањето да го вклучи потпретседателот (или следниот службеник што ќе го наследи претседателот) и штотуку избраниот потпретседател.

1965 -- Конгресот авторизираше заштита на поранешните претседатели и нивните сопрузи доживотно, а малолетните деца до 16 години возраст.

1968 -- Како резултат на атентатот на сенаторот Роберт Ф. Кенеди, Конгресот авторизираше заштита на поголемите претседателски и потпретседателски кандидати и номинирани личности. Конгресот исто така авторизираше заштита на вдовицата на претседателот доживотно, или до повторното стапување во брак, и на нивните деца до 16 години возраст.

2001 – Патриотскиот акт ја зголеми улогата на Тајната служба во истрага по проневера и активности во врска со тоа, поврзано со компјутери.

2003 – Тајната служба е префрлена од Одделот за финансии во Одделот за домашна безбедност, востановен претходната година.

2007 – Започна заштита за претседателскиот кандидат Барак Обама во мај, најрано иницирање на заштита од Тајната служба за било кој кандидат во историјата.

This item is part of
XS
SM
MD
LG