Линкови за пристапност

Дипломатијата ја држи Хилари Клинтон подалеку од Демократската конвенција


Додека поранешниот американски претседател Бил Клинтон беше на сцената на Демократската национална конвенција, неговата сопруга, Хилари, беше околу 16.000 километри подалеку, исполнувајќи ги своите должности на државна секретарка на САД.

Хилари Клинтон беше во малата држава Источен Тимор како дел од турнејата низ пет пацифичко-азиски нации и Русија. За време на прес-конференцијата со премиерот Кеј Рала Гусмао, таа кажа дека нејзиниот сопруг бил почестен со можноста да го номинира американскиот претседател Барак Обама да биде партиски кандидат за ноемвриските општи избори.

Но, таа кажа дека е важно за неа да не биде инволвирана во конвенцијата заради нејзината функција на главен главен дипломат на Америка:

„Официјално, со децении, државните секретари не присуствувале на политички конвенции заради непартиската природа на нашата надворешна политика. Мислам дека тоа е добро правило. Ова е прва конвенција што сум ја пропуштила во многу, многу години.“

Обама ја порази Хилари Клинтон во кампањата за демократската номинација во 2008. Хилари Клинтон останува потенцијална политичка сила во партијата, наведувајќи многумина да предвидуваат дека ќе се кандидира уште еднаш за Белата куќа во 2016.
XS
SM
MD
LG