Линкови за пристапност

Хилари Клинтон во посета на Брунеи


Продолжува турнејата на американската државна секретарка на држави од азиско-пацифичкиот регион.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон се наоѓа во посета на Брунеи и со тоа станува прв американски висок дипломат кој ги посетил сите 10 членки на Асоцијацијата на југоисточни држави.

Клинтон се наоѓа на турнеја по азиско-пацифичкиот регион во чии рамки посети шест држави и во голем дел се фокусира на повикот на овие земји за обединет фронт во обидот за решавање на територијалниот спор со Кина околу Јужното Кинеско Море.

Претходно Клинтон кусо престојуваше и во Источен Тимор, каде истакна дека нејзината посета претставува „јасен и недвосмислен знак“ дека САД ќе останат влијателен фактор на Пацификот.
XS
SM
MD
LG