Во Миннхен државната секретарка ќе учествува на 48-та безбедносна конференција. Овој годишен настан ги собира глобалните лидери да дискутираат за безбедносните предизвици. Во нејзиното обраќање до конференцијата, таа ќе ја реафирмира фундаменталната важност на трансатлантските врски и европската улога како клучен партнер во однос на глобалните безбедносни предизвици.
Додека е во Минхен, Клинтон исто така ќе има билатерални средби со нејзините европски и други колеги.
Државната секретарка од таму ќе замине во Софија, Бугарија, на 5-ти февруари, каде ќе се сретне со високи бугарски претставници, со кои ќе разговара за голема лепеза прашања, вклучително и за демократската транзиција на Блискиот исток, американската тековна поддршка за Авганистан, енергетската безбедност и друго.