Линкови за пристапност

Клинтон: Економијата е клучна за надворешната политика


Клинтон: Економијата е клучна за надворешната политика
Клинтон: Економијата е клучна за надворешната политика

Американската државна секретарка Хилари Клинтон вели дека Америка мора да ги направи економските прашања централни на својата меѓународна политика.

Во говор во петокот во Економскиот клуб во Њујорк, Клинтон на бизнис лидерите им кажа дека силите во подем како Бразил и Индија ја направија економијата клучна за нивната надворешна политика. Таа ги поттикна САД да земат исто таков приод.

Клинтон ја критикуваше Кина за нивната наводна манипулација со националната валута, велејќи дека таа политика ги чини САД и другите држави работни места.

Државната секретарка кажа дека САД мора да посегнат преку Пацификот да изградат посилни економски врски со Азија, забележувајќи дека Вашингтон креира најсовремен транс-пацифички економски договор. Таа рече дека силните транс-атлантски врски што Вашингтон ги има со Европа мора да ги дуплицираат во Азија.

XS
SM
MD
LG