Линкови за пристапност

Скриен свет под американски град


Скриен свет под американски град
Скриен свет под американски град

Постои скриен свет под многу американски населени места – напуштени подземни железници, затворени подруми, тунели за евакуација.

Под деловниот кварт во центарот на главниот град на сојузната држава Орегон, Салем, лежат докази за одамна напуштена населба на кинески имигранти. Патот до овој историски подземен свет започнува во подрумот на највисоката деловна зграда во Салем.

Локалниот историчар Џон Ритер го контактирал сопственикот на зградата, барајќи да ја истражи областа, врз основа на информации дека постојат одредени долго заборавени простории и патеки. Истражувајќи го подрумот, вниманието му го привлекла празна полица за книги. На огромно изненадување, зад неа открил врата што водела до соба каде никој не влегол со години.

Просторијата, раскажува Ритер била студена и темна. Штом погледнале нагоре, истражувачите забележале таканаречена врата-стапица. Овој простор локалните трговци го користеле за складирање на злато.

Ребека Мејтленд, која работи во зградата, вели дека и до ден-денес може да се забележат златни честички на подот.

Ритер е фокусиран на пронаоѓање на дувла на опиум. Токму тие, вели историчарот, би биле единствениот практичен доказ дека некогаш на ова место имало кинески град.

Главниот град на Орегон, како и многу други градови на американскиот запад, своевремено биле дом на стотици кинески имигранти кои доаѓале да работат на изградба на железничка пруга. Но, антикинеското расположение во 1880-те години буквално одвлекло некои од Кинезите под земја, каде се коцкале, пиеле, а голем дел од времето минувале и во дувлата за опиум.

Ритер планира а ја продолжи својата експедиција за да утврди што се` друго се наоѓа во подземната населба во Салем.

XS
SM
MD
LG