Линкови за пристапност

Хоуп Хикс во Кабинетот на Белата куќа


Таа ја презема функцијата директорка за комуникации

Американскиот претседател Доналд Трамп, ја назначи Хоуп Хикс за постојана директорка за комуникации во Белата куќа, според официјален претставник. Таа беше вршителка на должноста, на местото на Ентони Скарамучи, кој беше сменет во јули по помалку од две недели на позицијата.

Хикс претходно беше портпаролка за време на кампањата на претседателот Трамп. Работела во „Трамп организајшнс“, глобален конгломерат на влијателното семејството, вклучувајќи ја и модната линија Иванка Трамп.

28-годишната Хикс го задржа поранешниот адвокат во Одделот за правда Роберт Трот да ја претставува во истрагата на специјалниот истражител Роберт Мулер за евентуални врски на блиски лица до Трамп, со руски официјални претставници за време на минатогодишните претседателски избори во САД.

Како дел од постоечката истрага, Мулер планира да ја интервјуира Хикс и петмина блиски соработници на американскиот претседател.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG