Линкови за пристапност

Херитиџ: Добра економска слика расипана од нестабилна политика


Нов извештај ја рангира Македонија 31-ва меѓу 186 други држави, и сугерира дека може да биде подобра

Подобрувањата во регулативната рамка на Македонија креирале стабилна средина за странски и домашни инвестиции, но политичката нестабилност и` попречува на динамичната економија. Ова се вели во нов извештај што деновиве го објави Фондацијата Херитиџ, каде стои дека „иако Македонија главно се потпира на економската активност во услужниот сектор, нови инвестиции во производството на делови за автомобили помагаат за диверзификација на економијата“.

Македонија е рангирана на 31-во место од 186 глобални економии според Индексот на економска слобода 2017-ма. Ова е подобрување во однос на минатогодишното, 47-мо место.

Македонија останува во категоријата „главно слободни“ економии.

Бизнисите имаат корист од рамното оданочување и режимот на отворена трговија, но, потребни се поголеми структурни реформи, посебно во областа на владина корупција и бирократијата, стои во извештајот.

Во документот се посочува дека законската рамка е силна, но спроведувањето на законите е бавно.

Трговијата е исклучително важна за македонската економија, а вредноста на извозот и увозот заедно сочинуваат 113 проценти од Бруто домашниот производ, според најновиот извештај на Херитиџ.

Фондацијата ги рангира земјите по четири критериуми: владеење на правото, големина на владата, регулаторната ефикасност, и отвореност кон пазарите.

XS
SM
MD
LG