Сојузната држава Калифорнија се соочува со најголема епидемија на жолтица (хепатит А) во САД, од 1996-та година наваму, откако стана достапна вакцината против болеста. Биле пријавени преку 600 случаи, а 21 лице починало. Според Одделот за јавно здравје, повеќето од заразените се без покрив над главата или користат дрога на места каде нема основни санитарни услови, како што е областа Скид Роу во Лос Анџелес.
Неодамнешна студија откри дека областа не успеала да ги достигне основните стандарди кои ги имаат бегалските кампови на ОН - по еден јавен тоалет за секои 20 лица.
Според извештајот, во текот на денот бројот на уличната популација е повеќе од 3.600 луѓе, што значи во областа има 164 тоалети помалку од стандардите на ОН. Во текот на ноќта популацијата на Скид Ред опаѓа на околу 1.700 лица. Властите на Лос Анџелес изјавија дека во центарот на градот има само шест јавни тоалети кои се отворени 24 часа на ден.
Критичарите велат заради можноста од нелегални активности, некои јавни тоалети не се отворени ноќе.
Сепак, бездомното население не е единствената група во ризик. Хомосексуалците исто така се под ризик од хепатитис А. Големи епидемии годинава се забележани во САД, Европа, Чиле и Австралија.
Facebook Forum