Линкови за пристапност

САД се печат на високи температури


Долгото топло лето – овојпат предолго и претопло за Американците

Високи температури го печат најголемиот дел од САД. Ова се едни од најтоплите денови што ги искусиле области од Вашингтон до Чикаго.

Најголемиот топлотен бран ова лето донесе рекордни температури малку надеж за освежување.

Лекарите на службите за итна помош велат дека најголем дел од луѓето наоѓаат засолниште од сонцето, но има и зголемен број на посети од причини поврзани со топлината, од дехидрираност до најсериозната – топлотен удар.

Националните метеоролошки служби велат дека најголем дел од сојузните држави имаат барем еден регион каде температурата е над 32 степени целзиусови.

Но средноатлантскиот регион, од Вашингтон до Њујорк, температурите се уште повисоки. Ако ја додадете и влажноста – се чувствува како најмалку 37 степени целзиусови.

Сепак, туристите не го напуштаат градот. Популарните туристички атракции се полни.
XS
SM
MD
LG