Линкови за пристапност

Кантримен: решение за името – колку што е можно побрзо


Кантримен: решение за името – колку што е можно побрзо
Кантримен: решение за името – колку што е можно побрзо

Најголем мотив за напредокот на регионот е членство во ЕУ и во НАТО, оцени американскиот заменик-помошник државен секретар за eвропски и eвроазиски прашања.

Иако има напредок, и натаму регионот се соочува со бројни предизвици. Западниот Балкан треба да се фокусира на подобрување на владеењето на правото и градењето на ефикасно судство и обвинителство. Ова е главен предизвик за целиот регион, изјави Томас Кантримен.

Осврнувајќи се на секоја земја поединечно, Кантримен ја истакна заложбата на Македонија за влез во НАТО и во ЕУ, но и безрезервната поддршка што ја добива од САД во правец на целосно интегрирање. Македонија ги исполни речиси сите технички стандарди поставени од ЕУ, рече тој и потсети дека Европската комисија препорача почеток на преговорите за членство. Па сепак, решението за името и натаму е пречка за напредокот на Македонија:

„Проблемот со името со Грција треба да се реши колку е можно побрзо. Охрабрени сме од билетарните средби на највисоко ниво. Двајцата премиери се сретнаа повеќепати. Веруваме дека градат доверба и прават напредок по прашањето. Обата лидера треба да преземат смели и одлучни чекори во нивен интерес и да го решат ова прашање“, изјави вишиот претставник на Стејт департментот.

Кантримен даде бројка дека САД обезбедуваат по 250 милиони долари годишно за поддршка на регионот, но одговорноста за справување со предизвиците и напредокот паѓа на секоја земја одделно.

Борбатата против корупцијата и организираниот криминал е натаму е главен предизивик во Западниот Балкан во 2011-та, рече Томас Кантримен на распитот во Конгресот.

XS
SM
MD
LG