Линкови за пристапност

Пандемијата со коронавирус посочи на проблеми со слухот кај луѓе кои не знаеле дека го имаат


По повод одбележувањето на Светскиот ден на слухот, експерти велат дека во САД 20 проценти од возрасното население е со оштетен слух

Светската здравствена организација вели дека едно на десет лица во светот се очекува да страдаат од губење на слухот до 2050. Но, во САД здравствените претставници велат дека околу 20 проценти од американската популација на возрасни лица веќе искусува некое ниво на губење на слухот, а пандемијата на коронавирус уште повеќе го нагласила проблемот.

Во време кога државата го одбележува Светскиот ден на слухот (3-ти март), Ангела Шуп, претседателка на Американската академија за аудиологија, за Гласот на Америка изјави дека пандемијата изнела на површина проблеми со слухот за кои многу луѓе не знаеле дека ги имаат, зашто „сега се справуваат со тешкотии да ги разберат луѓето кои носат маски“.

„Многумина кои порано не се идентификувале како лица со проблеми со слухот, веројатно затоа што имале проблем во помал размер, сега имаат тешкотии во комуницирањето“, велу Шуп, која исто така е професорка по говор, јазик и слух на универзитетот на Тексас, во Далас.

„Маските“, Шуп кажа, „ги оневозможуваат визуелните индикации“ и „имаат тенденција да ги искривуваат и омекнуваат говорните сигнали“.

„Ние не сме свесни колку го користиме движењето на усните и говорот на телото да сфатиме што некој вели или ни помага да ги пополниме празнините во информацијата што ни недостига“, рече таа.

Експертите исто така се загрижени за следната генерација Американци. Додека децата со проблеми со слухот често покажуваат слаби резултати на училиште, губењето на слухот меѓу тинејџерите е во пораст.

XS
SM
MD
LG