Републиканскиот лидер на мнозинството Мич Меконел, изрази жалење зашто не обезбеди поддршка на замена на законот за здравствена заштита на поранешниот претседател Барак Обама, познат како Обамакеар.
Тој додаде дека во наредните денови, Сенатот ќе гласа за укинување на Обамакеар, а во замена на тоа, во транзиција од две години, ќе се работи на комбинација на стабилна нова здравствена заштита за пациентите.
Мич Меконел ги обвини демократите за одмагање во реформите за здравствената заштита.
Републиканците новиот закон го изготвија сами зад затворени врати. Демократите побарале соработка за решавање на недостатоците на Обамакер, кои вклучуваат и зголемување на премиите и намалување на бројот на осигуреници кои учествуваат во програмата во многу држави.
Шумер рече дека вратата за двопартиска работа е отворена токму сега и републиканците треба само да одат низ неа.
Во меѓувреме, претседателот Трамп ги поттикнува републиканците да помогнат да го укинат Обамакеар, и според него, потоа демократите ќе дојдат кај нив, и ќе побараат помош како да го реформираат.
Facebook Forum