Американскиот Врховен суд во вторник ќе ги чуе аргументите за тоа дали клучни одредби на историската реформа на здравствената заштита донесена од претседателот Барак Обама, таканаречениот индивидуален мандат, е дозволен според американскиот Устав.
Според законот, речиси секој Американец ќе биде обврзан да купи план за здравствена заштита, почнувајќи со јануари 2014, или во спротивно ќе се соочи со парична казна. Поддржувачите на провизијата велат дека тоа е потребно да се распредели цената на чинење меѓу Американците, особено здравите луѓе кои ако не се приморани не би купиле осигурување, за да се покријат повеќе од 30 милиони неосигурани луѓе.
Но, 26 држави и коалиција што претставува мали бизниси ќе тврди дека Конгресот нема авторитет да ги натера Американците да купуваат здравствено осигурување. Многу бизниси исто така ќе бидат подложени на парични казни ако не понудат здравствено осигурување на нивните вработени.
Администрацијата на Обама тврди дека Конгресот има авторитет според овластувањата што му ги дава Уставот да ја регулира трговијата меѓу сојузните држави и да наметнува даноци.
Вторничката сесија е втора од трите дена предвидени за орални аргументи по актот што носи име „Affordable Care Act“, и е најдолго време посветено на едно прашање од страна на судот, од 1960-те наваму.
Деветчлениот суд го мина понеделникот на фокусирање на технички прашања, како – дали законот може да се предизвикува во суд пред да биде целосно имплементиран. Претседателот Обама го потпиша актот во 2010, но клучните провизии на законот нема да почнат до 2014.