Линкови за пристапност

Здравствената заштита – пред суд


Здравствената реформа на претседателот Претседателот Барак Обама доаѓа пред Врховниот суд на САД во понеделник, со тврдење на противниците дека мерката го крши Уставот и навлегува во слободите на поединците.

Судот ќе ги слушне аргументите на адвокатите кои претставуваат приватни странки и 26 сојузни држави, кои главно се против провизијата во законот што бара речиси сите Американци да купат здравствено осигурување. Многу бизниси исто така мора да понудат осигурување, зашто во спротивно ќе бидат казнети.

Поддржувачите на мерката велат дека провизијата е потребна за да се распредели чинењето на здравствената грижа меѓу сите Американци.

Деветтемина судии на судот шест часа во рок од три дена ќе ги слушаат аргументите, што е најдолг период до сега предвиден за едно прашање од 1960-те.

Понеделничката сесија ќе се фокусира на технички прашања за тоа дали предизвикувањето на законот може да дојде пред судот пред тој закон целосно да биде имплементиран. Обама го потпиша законот во 2010, но клучните делови не влегуваат во сила до 2014.

Одлуката на судот се очекува во јуни.

XS
SM
MD
LG