Линкови за пристапност

Ракот и дебелината


Научниците нашле поврзаност меѓу прекумерната тежина и ракот на дебело црево, бубрези, панкреас и дојка.

Здравствените ризици поврзани со прекумерна тежина се добро познати, и сега истражувачите велат дека дебелината е причина и за речиси половина милион случаи на рак годишно.

Студија објавена во списанието Лансет Онкологија вели дека Северна Америка го има најголемиот број на случаи поврзани со прекумерна тежина – 110.000 – по што доаѓаaт Европа и поранешниот Советски Сојуз со 65.000.

Властите велат дека таа цифра на светско ниво се очекува да расте со растење на глобалната економија.

Тие велат дека со поголем индекс на телесната маса - што е масното ткиво на лицето во однос на неговата висина – поголем е и ризикот од рак на дебело црево, бубрези, панкреас и дојка.

Истражувачите ракот го нарекуваат епидемичен проблем и велат дека луѓето треба да преземат мерки за одржување на здрава телесна тежина.

XS
SM
MD
LG