Мажи кои редовно јадат шунка, салама, сланина и виршли имаат поголем ризик да развијат срцеви проблеми отколку оние кои не јадат таква храна. Тоа е наоѓањето од нова студија што инволвира повеќе од 37.000 шведски мажи, на возраст меѓу 45 до 79, без историја на болести на срцето или рак.
Студијата е прва што ја истражува разликата на ефектите меѓу процесирано и непроцесирано месо. Процесираното месо содржи сол, нитрати и други додатоци.
Мажите пополниле прашалник за нивните навики во исхраната и други фактори на начинот на живот во 1998. Дванаесет години подоцна, истражувачите нашле дека близу три илјади кои редовно конзумирале процесирано црвено месо развиле ослабување на срцето и 266 умреле од тоа. Мажите кои јаделе најмногу процесирано месо имале два пати поголеми изгледи да умрат од срцева болест отколку оние кои јаделе најмали количини. Кај мажи кои не јаделе процесирано црвено месо немало зголемен ризик.
Попуштање на срцето е болест во која срцето постепено ја губи способноста за пумпање крв. Оние кои се дијагностицирани со болеста обично умираат во рок од пет години.
Истражувачите очекуваат слични наоѓања и во студијата што сега се прави со жени.