Линкови за пристапност

Продолжување на рокот за пријавување за Обамакеар


Американците кои чекале до последен момент да се пријават за здравственото осигурување ќе имаат шанса тоа да го направат по 31-ви март.

Администрацијата на Обама вели дека ќе го продолжи рокот што истекува следната недела за Американците кои започнале да се пријавуваат за приватно здравствено осигурување , но не можеле да го комплетираат процесот.

Официјални лица велат дека ќе обезбедат специјален период за пријавување по рокот 31-ви март за оние кои се обидуваат да купат здравствено осигурување преку веб-страницата на федералната влада HealthCare.gov. Дополнителниот период се очекува да трае до средината на април, но не се очекува да биде најавен друг цврст рок.

Претседателот Барак Обама водеше кампања за односи со јавноста поттикнувајќи ги Американците да се пријават за здравствено осигурување до рокот до понеделник. Официјални лица кажаа дека го продолжуваат рокот за да овозможат можен бран на луѓе кои решиле да чекаат до пред истекувањето на рокот да се пријават.
XS
SM
MD
LG