Линкови за пристапност

Мистериозна болест во САД


Од болест слична на полио разболени се најмалку пет деца во Калифорнија

Мистериозна болест што личи на полио разболе најмалку пет деца во западната американската држава Калифорнија.

Истражувачите велат дека случаите прво биле пријавени од лекарите во 2012. Сите од децата имале парализа на една или повеќе раце и нозе и нивните симптоми не се поправиле многу и покрај третманот.

Сите деца биле вакцинирани против полио. Здравствените претставници велат дека е можно околу 20 деца да се зафатени со болеста.

Полио е болест искоренета во САД и во најголем дел од светот, но други вируси исто така можат да го повредат `рбетот, што доведува до парализа.

Истражувачот Кит Ван Харен од Универзитетот Стенфорд во Калифорнија вели дека во минатите 10 години неколку видови на ентеровируси биле поврзани со појава што личи на полио меѓу деца во Австралија и делови на Азија.

Извештајот за појавата на болеста во САД ќе биде изнесен на годишната средба на Американската академија за неврологија во Филаделфија во април.
XS
SM
MD
LG