Секретарката за здравство и социјални прашања Кетлин Сибелиус ќе се соочи со тешки прашања во среда од конгресна комисија за проблематичното лансирање на веб-страницата за здравствена заштита на претседателот Барак Обама.
Сибелиус се очекува да ги увери членовите на комисијата за енергија и трговија дека проблемите со пријавување на страницата ќе бидат корегирани до рокот 31 март, до кога Американците треба да се пријават за план за здравствена заштита.
Таа исто така може да биде испрашувана за поединци и мали бизниси чии здравствени полиси биле откажани и покрај уверувањето на претседателот дека граѓаните не ќе треба да ги менуваат своите здравствени планови ако се задоволни од нив.
Исто така во среда, претседателот Барак Обама треба да се појави во Бостон, каде поранешниот гувернер на Масачусетс и републикански претседателски кандидат Мит Ромни ја потпиша реформата за здравствена заштита со што стана закон, во 2006. Обама се очекува да забележи дека реформата, која претходеше на она што сега е познато како Обамакеар, исто така имала проблеми на почетокот.