Во напор да ги охрабрат конзументите да прават здрав избор кога јадат во ресторан, поголемите ресторантски синџири во САД имаат законска обврска да изнесат информација за калориите на нивните менија. Поголем дел од истражувањата покажаа дека тие цифри не ги насочуваат посетителите да нарачаат јадења со помалку калории.
Затоа, истражувачите на Христијанскиот универзитет во Тексас се обиделе со нов приод. Тие поделиле 300 млади возрасни луѓе во три групи и им дале менија со ист избор на храна и пијалоци. Едно мени имало назнаки за бројот на калории, второто немало, а третото покрај калориите имало и број на минути на брзо одење потребни да се потрошат калориите внесени со секој вид храна на менито.
Оние кои нарачувале од третото мени избирале храна со помалку калории во споредба со оние каде немало ништо или само број на калории.
Бидејќи учесниците во студијата биле под 30 години возраст, истражувачите сега работат на друга студија која вклучува постари луѓе за да видат како тие би реагирале.