Републиканците не успеаа да обезбедат доволно гласови за да го укинат и заменат законот за реформи во системот за здравство, познат како Обамакеар.
Претходно, претседателот Доналд Трамп предупреди дел од републиканците дека ќе го остави Обамакеар на сила и ќе се фокусира на други прашања, ако не го поддржат гласањето за нов закон за здравствена презакажано за денеска.
Доцна синоќа, и по целодневните преговори, не беше јасно дали републиканците имаат доволно број гласови да ја усвојат мерката.
Трамп се чини не ја добил поддршката од групата најконзервативни законодавци, дури и кај одредени умерени републиканци на Капитол хил.
„Ова е тензичен момент за секого, бидејќи се приближуваме до крајната цел, но сметам дека постои определеност да го завршиме ангажманот и тоа веднаш“, изјави за Гласот на Америка републиканскиот конгресмен од Алабама, Бредли Брн.
Спикерот на Претставничкиот дом Пол Рајан, кажа дека „седум ипол години на Американците им ветуваме дека ќе го укинеме и замениме овој нестабилен закон, бидејќи се распаѓа и не ги задоволува потребите на семејствата и ќе продолжиме со планираното“, рече тој во четвртокот, без да одговори на прашања на новинарите.
На денешната прес-конференција Рајан истакна: „Не добивме консензус. Ова е разочарувачки ден за сите нас, но ќе се навратиме на прашањето“.
Facebook Forum